Претходните десетина денови имавме задача да ги истражиме преубавите Доломити.
Италијанските Доломити имаат навистина што да понудат.
Од лесни трекинг тури кои ќе ве однесат на најатрактивните локации, виа ферати од различни категории и неколку актрактивни врвови погодни за сите.
На ден, 29.07.2024 ПСК Стратус забележа уште едно успешно искачување на највискиот врв на Алпите, Монт Блан, заедно со уште три храбри учесници на акцијата : Сучница, Давор, Кире.
Тргнавме од домот Gouter 3800 м.н.в во 1 часот по полноќ, врвот беше искачен некаде пред 7 часот наутро.
Искречни честитки за Сунчица, Кире и Давор, им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.
По успешното искачување на Grossglockner во Aвстрија, нашата алпска авантура продолжи во Италија, односно во долината Аоста.
На мени на ден 23.07.2024 беа врвовите Pollux (4092 м.н.в) и Castor (4226 м.н.в) успешно искачени .
Честитки за сите учесници на акцијата.
Седум денови поминати на Алпи заедно со прекрасна екипа.
Целта беше Монт Блан (4810м.н.в), кој успешно го искачивме, а претходно,успешно се аклиматизиравме на Гран Парадизо (4061м.н.в)
Чест и задоволство беше да се биде во друштво на ваква екипа.
Викендов, од Олимп, се преселивме на Пирин, Бугарија.
Пирин ни понуди врело летно сонце и убавини на кои никогаш не можеш доволно да им се изнагледаш.
Цели два дена уживавме во планинарање на најубавите делови од Пирин и тоа Tодорка, Вихрен, Кутело 1 и 2
Им благодариме на сите учесници на акцијата! ⛰️
Гросглокнер, прв пат оваа година, но само до Erzherzog Johann Hutte 3454 м.н.в
Викендов ПСК Стратус го прослави својот прв роденден, со симболично искачување на врв Меденица(2163м.н.в) како и пред точно една година, кога беше и првата наша акција.
Во изминатата година имавме околу триесет акции во Македонија и надвор од неа искачивме многу врвови заедно, споделувавме искуства, делевме мислења и незаборавни моменти и сите заедно негувавме една единствена љубов, кон планината!
Сончев, топол априлски ден на планината Дешат.
На менито оваа недела беше врвот Црвена Плоча (2107 м.н.в).
Врвот нуди фантастичен поглед, а патеката до врвот е долга 6км со висинско искачување од 1100 метри, со што ја прави предизвикувачка, но во исто време се протега низ низа од прекрасни пејсажи карактерисични за Дешат.
Тројца членови на Стратус го искачија врвот Маја Траше 2515 м.н.в.
Овој врв е еден од поубавите на корабскиот масив. Моќен, предизвикувачки, бара поинаков пристап и почит.
Влеговме во календарска пролет, деновите ќе бидат сончеви и подолги, време е да се активирате на планина.
Нашиот водич Жика викендов имаше подвиг вреден за поздрав.
Осмото искачување на Жика на Grössglockner (3798м.н.в) беше брзинско и тоа преку Stüdlgrat (оценка III+), комплетно сам и без било каква логистика, со старт од Lucknerhous.
Должината на патеката е 10км со 1900м D+, на Жика му требаа само 2h : 56min за да ја совлада оваа должина и висинска разлика по технички терен!
Мики и Жика успешно го искачија Ајгер, висок 3.970 метри.
Ајгер важи за технички и предизвикувачки врв на Бернските Алпи кој со својата историја ги привлекува сите планинари/алпинисти.
Нашите двајца членови го искачија Ајгер преку гребенот Митилиги со техничка тежина АD+.
На пат кон највисокиот врв во Западна Европа, Mont Blanc, нашата прва станица за аклиматизација беше врвот Breithorn (4164 м.н.в), на убав сончев ден без многу ветар, сите учесници на акцијата се искачија на самиот врв.
Grossglockner (3898м.н.в) или највисокиот врв во Австрија, е секогаш атрактивен за искачување кога станува збор за алпски врвови.
Овојпат искачувањето започна од Locknerhouse (1920 м.н.в) се до самиот врв и назад.
Честитки за сите учесници за акцијата за нивната желба, посветеност, трпение и им посакуваме уште поголеми успеси.
Во изминатиот период, Мики нашиот член, заедно со Радован успешно ги искачија алпинистичките насоки Воскресение, Комичи и Ботели на планините Солунска и Олимп.
Нивниот, никогаш уморен ентузијазам, создава простор за уште голем број вакви прекрасни искачувања.
Олимп, Грција
Она што секогаш најмногу фасцинира кај планината Олимп е нејзината супериорност.
Одлична екипа, викедов направи успешно искачување на Стефани, Митикас и Скала.
Стратус со уште една успешна акција на Олимп.
Честитки на сите учесници за истрајноста!
Долината Валбона е една од најубавите, најпрепознатливите и сеуште не доволно откриени природни убавини на соседна Албанија.
Нашата тура почна од местото Валбона и уште од првиот момент насекаде сведочевме само природни убавини, на моменти нереални.
Нашата цел беше селото Тет, на другата страна од долината.
Врв Рудина ( 2238 м.н.в) е уште еден од низата прекрасни врвови на планината Дешат.
Патеката е живописна и предизвикувачка, а врвот нуди прекрасен поглед.
Денот беше сончев со малку ветер, а низ патеката сеуште беа присутни остатоци од снег.
Прекрасно искуство за сите кои учествуваа на акцијата.
Сончевата сабота ја искористивме за уште една акција на врвот Плат (2398 м.н.в) на Шар Планина.
Им благодариме на сите учесници. 🏔️
Викендов, ПСК Стратус имаше успешна тура на врв Вртоп ( 2555 м.н.в), уште еден од низата врвови на Шар Планина.
Патеката не водеше низ живописни зимски пејсажи, а низ групата струеше многу позитивна енергија, што е клучна за убаво поминат ден на планина.
Им благодариме на сите учесници.
Врвот Голем Кораб е нашата највисока точка. Со својата висина од 2764 метри можеме да кажеме дека е еден од нашите најубави врвови. Во саботата вкупно 20 планинари има за цел да го искачат врвот, но од албанска страна.
Универзумот реши да не почести со извонредно сонце речиси без ветар, идеално време за планина и уживање.
Сакаме да им се заболгадариме на сите учесници на акцијата.
Последниот викенд од јануари го искористивме за уживање на снежната Галичица. Сабота беше ден за Магаро и вкусна рибја чорба, а недела ден за Висок Врв.
Една од причините зошто планинарските тури на Галичица се посебни е погледнот кон Охридско Езеро, кој секогаш е прекрасен.
Им благодариме на сите учесници на турата за прекасно поминатиот викенд.
Петок и снежен Љуботен. Групата од 25 планинари стартуваше од Старо Село, по добро познатата патека до дом Љуботен и потоа до врв.
Кога се искачивме на 2200 м.н.в околу нас имаше бела прекривка од облаци, а пред нас не чекаше Љуботен и доцно-есенско сонце, кое го направи денот прекрасен.
По краткото ужување на врв, не чекаше истот пат за назад
Врв Крчин 2343 м.н.в за убав почеток на месец март.
Уште една успешна тура на Стратус на планината Дешат.
Страртот беше од Битуше, патеката е долга 12км со висинска разлика од 1150 метри, на врв уживавме во глетката.
Благодарност до сите учесници.
Уште една екипа од дванаесет планинари викендов успешно го искачи врвот Вихрен преку предизвикувачкиот Џамџиев раб, во три посебни наврски. Денот беше сончев, ветерот го имаше, но екипата константно и неуморно движеше кон самиот врв.
Викендов успешно се реализираше првата тура на ПСК Стратус во 2024 година. Шест планинари и двајца водичи се искачија на врв Вихрен (2914 м.н.в) преку предизвикувачкиот Џамџиев раб.
Имавме прекрасен сончев, но ладен ден, но уживањето на Пирин секогаш е загарантирано.
Им благодариме на учесниците на турата!
Во престојната година ви ветуваме многу возбудливи планинарски акции.
Сончев ноемврски ден, поминат на планината Дешат.
Околу 35 планинари успешно го искачија врв Веливер (2373м.н.в)
Малку снег, многу сонце и уживање за уште една убава планинарска тура на Стратус.
Со лесни чекорчиња, младите ученици и идни планинарчиња го изодеа патот од с. Кожле до манастирот Св. Богородица, патека со блага елевација и прекрасна недопрена природа, го видоа Стојановиот мост, како и вливањето на реката Пчиња во Вардар, едукативниот час во природа беше со завршен цртеж на клупите во манастирот со топло чајче од домаќинката баба Светле како рефлексија од набљудението. - О.У. Владо Тасевски
14.10.23, идеален сончев есенски ден за планина. Стартната точка беше Попова Шапка, нашата дестинација беше врвот Плат ( 2398м.н.в)
Пријатните температури и едноставноста на врвот Плат ја направија оваа акција идеална како за почетниците планинари така и за нашите најмлади планинари кои со возраст од 6 и 9 години усшено го искачија врвот и уживаа во убавината на планината.
Прекрасен сончев викенд во Октомври и уште една успешна планинарска акција на ПСК Стратус.
На 07.10 движејќи се низ патеките на живописниот Пирин уживајќи во глетките кои одземаат здив, 22 учесници на акцијата успешно го искачија врвот Вихрен (2914м.н.в). Заслужен одмор направивме во хижа Вихрен 1972 м.н.в, каде што ја поминавме ноќта.
Недела, 08.10, сончев есенски ден, идеален за посета на минерални бањи, ужување и релаксација.
После успешните искачувања на Алпи, викендов се преселивме на југ, односно Грција. Заедно со уште 14 љубители на планината имавме успешна акција и прекрасен ден. Акцијата почна од Приониа, траеше 13h:30min во вкупно искачување од 2200м и должина од 21км. Искачени беа врвоите Стефани, Митикас и Скала.
Честитки за дечките и девојките кои учествуваа во акцијата.
Во тек е планинарската акција Алпи 2023 во соработка со планинарскиот клуб Х20, денес 30.06 целокупната екипа успешно го искачи врвот Гран Парадисо 4061м.н.в во Италија.Во деновите што следуваат ќе следат и нови искачувања
Денес, на Матка беше одржана основна обука која е корисна за искачување на технички врвови. Обуката се состоеше од : Основи на чворологија, совети за чување на техничка опрема и нивната основна примена, презентирање на начин на абзелување.
Сите присутни направија пробен обид на "Топ Роуп” на спортската насоката Мал Камин. Ова се дел од подготвителните активности за акција на Алпи на ПСК Стратус и PSK H2O Healthy Hike Outdoor
Највисокиот врв на Балканот,Мусала 2925м.н.в е секогаш атрактивен и убав.
Заедно со уште 16 планинари уживавме во последниот викенд во октомври кој ни понуди ништо помалку од совршен есенски викенд на планина.
Пријатни температури, многу насмевки и убаво расположение и секако успешно искачен врв!
Благодарност до сите кои учествуваа во акцијата!
Група од 4 члена на ПСК Стратус уживаше на помалку посетениот врв Маја Траше висок 2515м.н.в, сместен на Корабскиот масив. Турата започна од Стрезимир и движи по самата гранична линија помеѓу Македонија и Албанија, се до последниото стрмното искачување на врвот. Денот беше сончев, без ветар и идеален за ова прекрасно искачување.
Втора успешна планинарска тура на ПСК Стратус, на Олимп оваа година. На залезот на летотo, последниот сончев викенд го искористивме за искачување на предизвикивачкиот врв Стефани 2909 мнв, потоа Митикас 2918 мнв и Скала 2866 мнв.
На турата учествуваа 17 учесници, и имавме прекрасно поминат викенд на една од поубавите планини на Балканот.
Осум члена планинарска група, на чело со водичите Дејан Тодевски и Никола Илиевски, го искачија највисокиот врв во Австрија Grossglockner 3798 м.н.в, и врвот Триглав висок 2863 м.н.в, во Словенија.
Лешница е убава секогаш. Ама посебна е убава во јуни, затоа се одлучивме да направиме тура на Лешница во средина на јуни.
Сега кога ни легнаа импресиите, сакаме прво да им се заблагодариме на сите што учествуваа во оваа прекрасна тура и го поддржа настанот и несебично учествуваа од почеток до крај. Ние како клуб сме презадоволни од соработката на сите учесници.
До наредна тура!
Можеби помалку типичен пролетен мајски ден со многу дожд, но сепак со расположена и насмеана група планинари и во овој дождлив ден, врвот Меденица беше искачен.
Драги наши, ПСК Стратус денес, 14.05.2023 ја забележа својата прва успешна планинарска тура до врв Меденица. (2163м.н.в)
Ви благодариме на сите што дојдовте!